еМагазин
Image default
Забава

Му се заканува затворска казна од 3 до 10 години: Бил Козби оди во затвор поради сексуален напад

Американскиот актер Бил Козби е осуден на затворска казна во траење од три до 10 години поради сексуално злоставување жена.

– Време е за правда. Господине Козби, се ви се враќа сега. Дојде и тој момент, наведе судијата Стивен О’Нил.

Тоа значи дека Козби нема да може да биде во затвор помалку од три години, а повеќе од 10.

Судијата додаде дека Бил Козби ќе биде класифициран како „сексуално насилен предатор“, односно ќе биде регистриран како сексуален престапник до крајот на животот со обврска да оди за лекување и советување, и известување на заедницата каде живее дека „тука живее сексуално насилно лице“. За тоа ќе бидат известени соседите, но и школите и детските установи.

Бил Козби (81) беше осуден во април за силување на Андре Констант во неговата куќа во предградие на Филаделфија во 2004 година. Адвокатите на Козби бараа казна – домашен притвор поради старост.

МИА/Фото: hollywoodreporter.com/Associated press

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 30 jуни до 2 jули Фестивал When In Krusevo

Редакција

Почина легендарната Милена Дравиќ

Редакција

Македонец победи во бугарскиот “Survivor“ и освои 76.000 евра

Редакција