еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мухамед Зеќири останува во притвор

Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Од Судот за МИА потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода.

По оваа одлука на Апелациониот суд поранешниот владин генерален секретар останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Одлуката за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена за Зеќири ја донесе Кривичниот суд на 5 мај, со која му беше продолжен 30-дневниот притвор изречен на 9 април. И за првата одлука Зеќири поднесе жалба, што исто така беше одбиена.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција го товари Зеќири дека без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, кои се под истрага заедно со него.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Метлата“ не е принцип кој што ДУИ го користи, рече Османи

Редакција

Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот

Редакција

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Редакција