еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Раст: 36 нови случаи на заболени со коронавирусот, најмногу во Тетово

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1, информира Министерството за здравство.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.622.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 538, активни 131, Куманово – 408, активни 63, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –173, активни 65, Тетово – 108, активни 53, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 51, Битола –22, активни 3, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –18, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-1, активни 1, Берово-1, активни 1.

“Направените 411 теста се преку: Институтот за јавно здравје –248, Ветеринарен факултет -13, Авицена –14, Биотек -42, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -27 и МАНУ -19.

Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани уште 13 пациенти од коронавирусот, вкупно 1.112

Од коронавирусот почина пациент од Велес на 58 годишна возраст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската амбасада реагира на изјавите на министерката Петровска за Украина

Редакција

Џафери денеска треба да биде избран за претседател и на новиот парламентарен состав

Редакција

МОН: Националната платформа за онлајн учење достапна за учениците и родителите

Редакција