еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Музичка група одбила да настапи на свадба: Сватовите сакале да ги прекршат мерките за заштита од Ковид-19

Несекојдневен настан се случил изминатиот викенд во угостителски локал во Скопје, кога музичката група „Скопски боеми” одбила да настапи на свадбена веселба, бидејќи по пристигнувањето сфатиле дека сватовите сакаат да ги прекршат мерките за заштита од вирусот, пишува „Фокус“.

Имено, бидејќи временските услови не биле најпогодни, кога музичарите пристигнале во локалот, каде според протокол било договорено да настапат на отворено, им било кажано дека младенците бараат забавата да се одржи внатре, во затворен простор.

„Времето не беше добро, но тоа не значи дека некој има право да си игра со протоколите и да го доведува здравјето и животот на останатите во прашање. Веднаш, без двоумење им кажавме на младенците дека нема да настапуваме внатре, во затворен простор.

Не само поради можноста да дојде инспекција и да бидеме казнети, туку и поради тоа што сакаме да си го сочуваме чист образот.

Настана незгодна ситуација, имаше обиди за преговарање, но ние бевме категорични. Се разочараа младеницте и сватовите, но ова е време кога сите мора да покажеме високо ниво на свест.

Доволно страдаше целата музичка фела поради забраната за настапи, никој не смее да си дозволи, за никакви пари да помисли на кршење на мерки. Се надевам дека нашиот гест ќе им биде поука на сите колеги,“ изјавил Горјан Стојановски, кој е дел од музичката група, а истовремено и претседател на Здружение на естрадни уметници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција

Чоколадното млеко не е само за деца – зошто овој напиток се препорачува и за возрасни?

Редакција

Од недела почнува летното сметање на времето

Редакција