Осоминичениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, И.Д. (44) од Скопје, го признал кривичното дело, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).
За него е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.
Истата е поднесена по итна постапка.
Од таму информираат и дека во текотот на истрагата биле обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Веста за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје го обиколи регионот












