еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“

Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на “Јавна соба“, важно е да се подигне јавната свест за појавите како “Јавна соба“, важно е и ефикасно делување на институциите на системот, соопшти МВР.

„Како МВР ефикасно преземавме многу чекори коишто придонесуваат во истрагата за “Јавна соба“, со цел санкционирање за одговорните. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавно обвинителство.

Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од “Јавна соба““, велат од МВР.

Оттаму уверуваат дека неселективно постапуваат кон сите што се детектираат и идентификуваат и ќе биде спроведена постапка, сѐ со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство.

„Веќе информиравме за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава, така што и тука се постапува и се следи и за сите други активности коишто ги имаме за други групи на социјалните мрежи, будно следиме будно и покренуваме соодветни постапки“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш за „Јавна соба“: Жртвата никогаш не е виновна, доста беше молк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меморандумите со Скопје ќе бидат ратификувани кога тоа ќе го дозволат националниот интерес и програмата на Парламентот на Грција, вели Дендиас

Редакција

Управниот одбор на М-НАВ се предомисли, избраните контролори на летање ќе бидат вработени и пратени на обука

Редакција

Откако го уапсиле и го однеле во станица, Бошкоски пак го вратиле на местото на апсење оти сите телевизии не го снимиле апсењето

Редакција