еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР утврдила како затворената седница за случајот „Онишченко“ во Собранието заврши на Јутјуб

Извештајот на Министерството за внатрешни работи во врска со преносот на затворената седница во Собранието на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“ е подготвен и доставен до Собранието, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање по посетата на СВР Скопје.

– Постапката за одземање на државјанството е од органот што го издава државјанството и тоа е во рамките на Владата. По однос на извештајот подготвен е извештајот и доставен до Собранието за тоа што се случило и се преземаат понатаму мерки во тој дел, посочи Спасовски.

Инаку, затворената седница на која Димовски презентираше доверливи документи, се емитувала во живо на Јутјуб на Собранискиот канал, по што собранискиот спикер Талат Џафери побара да се испита случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали затворениот распит на директорот на АНБ за Онишченко се емитуваше јавно на Јутјуб?

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 на судењето за „Рекет“ побара одземените капути, чизми, очила, круната… да му се донесат во судница

Редакција

Кане Танака била родена 1903 година: На 119 години почна најстарата жена на светот

Редакција

СДСМ ќе бира лидер на 21 март

Редакција