еМагазин
Image default
Македонија

МВР и Обвинителството добиле пријава за фалсификат за информацијата за оставка на Димитров

Министерството за надворешни работи доставило пријава до МВР и до ОЈО за фалсификат и можна злоупотреба на одредена институција и начин на комуникација во врска со вчерашото лажно соопштение за оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Телевизијата 24 Вести вчера објави дека шефот на дипломатијата си поднел оставка по неуспешниот референдум во неделата, со кој не се прифати договорот со Грција, чиј потписник е лично.

На тоа реагираше МНР, испраќајќи демант до медимиуте, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.

– По добиената пријава ќе пристапиме кон работа, важно е да се утврди фактичката состојба. Лажните вести и говорот на омраза станаа нешто на кое се темелат информациите, рече денеска Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров по „лажната“ оставка: Не им доаѓа ум, специјална војна почнаа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

Редакција

Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија

Редакција

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Редакција