Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 30.07.2019 од 17 до 23 часот спровеле акциска контрола на мотоцикли, а во која вкупно биле откриени 33 прекршоци (ТЕ-22 и ГВ-11 ), информира МВР.
Исто така, на гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола, со која во најголем број биле опфатени тешки товарни возила.
При контролата, откриени се 16 технички неисправни возила, кои се исклучени од сообраќај. Седум од нив биле со неисправен уред за управување, осум имале неисправни сопирачки, а едно неисправни пневматици.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.