еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓани повторно се жалат на лошата услуга од Комерцијална банка

Голем број граѓани на социјалните мрежи повторно се жалат дека не можат да ги користат кредитните картички и интернет банкарството од Комерцијална банка. Тие ја прозиваат и ја тагираат банката на социјалните мрежи со прашања кога ќе си го средат системот и дали се свесни дека од утре почнуваат Илинденските празници, период во кој банкарските услуги се повеќе од потребни поради патувањата и слободните денови.

Инаку, ваквата состојба трае веќе една недела и предизвика револт и незадоволство кај клиентите на банката.

Оттаму на 27 јули на нивниот Фејсбук профил соопштија дека сервисите Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка АД Скопје се целосно функционални.

„Од понеделник, шалтерите во експозитурите и филијалите на Банката ќе работат со редовно работно време и ќе ги извршуваат сите активности. Како што веќе информиравме, од петокот (26.07) се извршуваат трансакциите со картичките на Банката во трговија и на банкомати. Ви благодариме на разбирањето и, воедно, се извинуваме за настанатите непријатности“, соопшти тогаш банката.

Сепак денешните реакции на граѓаните покажуваат дека банката се уште го нема целосно средено проблемот. Ви пренесуваме дел од реакциите на Фејсбук:

Каде е што прави Komercijalna Banka AD Skopje? Вчера не ми работеше картицата, денес целосно неупотребливо интернет…

Posted by Gjorce Stavreski on Среда, 31 јули 2019

Втор пат паѓа системот на Комерцијална во само неколку дена… луѓе имаат сериозни планови бе! Од утре празници. Што?!…

Posted by Gorjan Miloshevski on Среда, 31 јули 2019

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Самостојните уметници ќе добијат поддршка од 14.500 денари за април и мај

Редакција

Дамева поднела тужба до Управниот суд за нејзино разрешување од Судскиот совет и кривична за ОЈО Скопје

Редакција

Болниците се полнат, во потешка состојба 54 пациенти заразени од корона вирусот

Редакција