еМагазин
Image default
Локално

Не е полицаец: МВР го најде лицето кое објави видео на „Тик-ток“ како поминува патарина покажувајќи легитимација

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

„Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите,“ информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео): На „ТикТок“ се фалат како минуваат патарина без пари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановка приведена при обид да премине граница

Редакција

24-годишник од Кочани се обидел со нож да убие сограѓанин при продажба на мобилен телефон

Редакција

Тринаесетгодишно девојче побегнало од дома и имало полов однос со малолетник од Битола

Редакција