еМагазин
Image default
Локално

Струмичанец организирал домашна забава за време на пандемија

На 03.04.2021 во 03.40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на бул.„Ленинова“ во Струмица, сопственост на Д.А.(22) од Струмица, соопшти МВР.

При тоа било констатирано дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Јунак“ ограбил 14-годишно девојче среде улица

Редакција

Родители однеле починато бебе во Итна медицинска помош во Неготино

Редакција

Физичка пресметка меѓу ученик и наставник во Скопје

Редакција