еМагазин
Image default
Македонија

Дополнителни рестриктивни мерки нема да дадат резултат, бидејќи сме на шеста недела од третиот бран, велат од Министерството за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговарал за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните, информираат од Министерство за здравство.

„Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира.

Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.

На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој.

Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран.

Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети.

Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок.

Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи,“ велат од Министерство за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Прилеп бара полициски час од 19 часот, ситуацијата е алармантна

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор на настаните во Собранието, кажа Јанкулоска на судењето за „организаторите на настаните од 27 април“

Редакција

Четворица новозаразени со Ковид-19 во Дебар

Редакција