На 67 годишна возраст во Битола почина легендарниот македонски актер Митко Апостоловски.
Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.
Апостоловски работел во Народниот театар во Битола (1973 – 1974 година) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995 година).
Од 1995 година повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.
Ќе го паметиме по театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…
Апостоловски во 1979 година беше дел и од ТВ сериите: “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…, а играше и во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.
Ќе остане во сеќавање и по улогите во ТВ сериите: “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.