еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 67-годишна возраст почина легендарниот актер Митко Апостоловски

На 67 годишна возраст во Битола почина легендарниот македонски актер Митко Апостоловски.

Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.

Апостоловски работел во Народниот театар во Битола (1973 – 1974 година) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995 година).

Од 1995 година повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.

Ќе го паметиме по театарските улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)…

Апостоловски во 1979 година беше дел и од ТВ сериите: “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…, а играше и во филмовите “Бог да ги убие шпионите“, “Заборавени“, “Големата вода“, “Трето полувреме“, “До балчак“, “Последниот македонец“ и други.

Ќе остане во сеќавање и по улогите во ТВ сериите: “Македонски народни приказни“ и “Народни приказни“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбр Адеми, претставник на ДУИ во работната група за уставни измени

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во август

Редакција

Твитер го „подбра“ СЈО: „Катица тропала на капија во Шутка и викала отвори да излезат“

Редакција