На хуманитарниот турнир во фудбал „Победата е наша“, кој се одржа во спортската сала во ОУ „Кочо Рацин“, Петровец, победничката екипа е „Марко Божиновски”.
„Момчињата, со голема желба, волја и цел да израдуваат едно девојче со перика, храбро се натпреваруваа до крај. Ден исполнет со многу еуфорија, ентузијазам, солидарност и хуманост,“ велат од Здружението САНО, кое им се заблагодари на сите екипи.
„Во нашите очи сите сте победници.Голема благодарност до општина Петровец, О.У. Кочо Рацин и новите пријатели на децата во болница, Кристијан Димитриевски и Виктор Петрушевски,“ додаваат од таму.
Котизацијата по екипа изнесуваше 1.500 денари. Собраните средства ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија.
еМагазин беше медиумски покровител на овој настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Здружение САНО