Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19 во ковид центарот во Гостивар 21, а во Струга 23 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ