Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 51 пациент.
На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 30, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 17, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, “ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 638 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ