еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев во Атина се сретна со поранешниот британски премиер Тони Блер

Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со поранешниот британски премиер Тони Блер, што се одржа на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе учествуваат Заев, Димитров и Нуредини: Почнува Делфи економскиот форум во Атина

– Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали. Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија, заклучија Блер и Заев, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Особен фокус во разговорот, како што се посочува, бил ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна Ковид-19 пандемијата.

Заев и Блер се согласиле дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.

Во тој контекст, двајцата разговарале за можностите за соработка и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во делот на менаџирање со податоци при справувањето со Ковид-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.

Заев и Блер, како што стои во соопштението, изразиле задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв случај: Кичевецот позитивен на коронавирусот работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Редакција

Драмата во САД продолжува: Трамп бара да запре броењето, Бајден да се пребори секој глас

Редакција

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Редакција