еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Драмата во САД продолжува: Трамп бара да запре броењето, Бајден да се пребори секој глас

Секој глас мора да се преброи, побара денеска на Твитер демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден, во време кога неколку клучни сојузни држави сѐ уште ги бројат гласовите.

Набрзо потоа, повторно на Твитер, стигна одговорот од републиканскиот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, кој побара запирање на броењето.

Според проекциите на медиумите, Бајден во моментов има блага предност во трката за американски претседател со досега обезбедени 253 електорски гласа, од вкупно потребните 270 за победа и влегување во Белата куќа, додека кандидатот на републиканците Трамп има 213 гласа.

Резултатите од изборите, сепак, сѐ уште не се познати во Аризона, Џорџија, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Алјаска.

Американската Републиканска партија од Невада денеска, пак, потврди дека планира да поднесе тужба во таа сојузна држава, бидејќи, како што тврди, гласале околу 10.000 луѓе кои повеќе не живеат во Невада.

Републиканците исто така бараат пребројување на гласовите во Висконсин.

Невада е четврта држава во која Републиканците иницираат правни постапки за гласањето. Невада е една од неколкуте сојузни држави во САД каде гласачките ливчиња се испраќаат до секој возрасен човек кој е регистриран да гласа.

МИА/Фото: usatoday.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени креаторот и администраторот на „Јавна соба“, Обвинителството бара притвор

Редакција

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција

Зошто Алкалоид е најпосакуван работодавач, какви бенефиции имаат вработените

Редакција