еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 753 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 753, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во внатрешноста, како што се посочува, има околу 130 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип, пак, е хоспитализиран 61 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 35 болни.

Во болницата во Струмица лежат 70 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 20, Кавадарци 33, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.212.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Папата Франциск на мисата во Скопје: Рамнодушноста и клеветите да ги замениме со чувствителност и надеж

Редакција

Притвор од 30 дена за десет лица кои учествуваа во нападот на полициските службеници

Редакција

Карантински продолжен викенд: Следната недела се очекува отворање на ресторани и кафулиња

Редакција