еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 835 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 23, Кавадарци 75, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, “ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.448 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 445 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција

Со тензии продолжи судењето за „Меѓународен сојуз”

Редакција

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во Исламската држава, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Редакција