Владата на седница, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од коронавирусот донесе одлука за зајакнати контроли на постоечките анти-ковид мерки, како и поседување на задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.
Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст, информираа од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 16 август нема свадби и прослави на затворено