Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку девет лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата.
Нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март.
Според СЗО, покрај смртните случаи, повредени се 16 лица, меѓу кои седум здравствени работници.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, и додаде дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Украина досега убиени 406 цивили, од кои 27 се деца, 1,7 милион граѓани ја напуштиле земјата
(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин
МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана