еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На почеток сме од објавувањето на скандалите на владата на ДУИ, подржана од СДСМ, вели Мицкоски

При денешната посета на општина Велес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што во последниот период ВМРО-ДПМНЕ излезе со низа скандали за работењето на ДУИ и дали со тоа смета дека можеби се намалува коалицискиот капацитет или е тоа решителна борба со расчистување на криминалот, истакна дека ова е само почеток и има многу материјали за разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тука нема да застане со објавување.

„Ние единствено нешто што правиме во периодот и ќе правиме, ова е само почеток е разобличување на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ и тука нема да застанеме.

Ќе продолжиме и понатаму, верувајте, имаме доволно материјал да ја запознаеме македонската јавност и кои се криминалците и кои се криминалните зделки на тие политички криминалци.

Дали го намалуваме коалицискиот потенцијал ќе каже народот на денот на изборите, народот е суверен на оваа држава и народот на избори кажува кој има кој нема коалициски потенцијал.

Јас сум уверен дека нашиот народ е мудар, нашиот народ знае да оцени и знае да процени, и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромно мнозинство гласови во Македонија, и следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски коментирајќи ја понудата на Артан Груби до опозицијата за изгласување на уставните измени, а потоа да се оди на предвремени парламентарни избори, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став и дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не излегоа на избори со ветување дека ќе преговараат дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, туку ветуваа проекти за поквалитетен живот и затоа власта треба да се охрабри и да се оди на избори на кои сите партии ќе понудат решение за проблемот во кој ја втурнаа Македонија СДСМ и ДУИ.

„Тие предлози од владата на ДУИ поддржана од СДСМ сме ги слушале во минатото. Ќе потсетам, ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став и ќе го повторам уште еднаш јавно, ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговорите за таканаречениот француски предлог, јас на прес-конференција понудив ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од тие преговори, мислам дека беше април месец минатата година, истиот ден Ковачевски го одби тој предлог.

Во јуни крајот, почетокот на јули кога ги правеа оние политички гимнастики, одбивме во Брисел, кажавме не, па потоа прифатија за една недела сѐ што им беше на маса ставено. Ги предупредивме, не преземајте обврска која што нема да ја исполните, но тие и покрај тоа ја втурнаа Македонија во една голема неизвесност и авантура прифаќајќи ја преговарачката рамка каде што билатералниот договор со соседна Бугарија е дел и тоа е единствен таков случај во историјата на ЕУ, мислејќи дека ќе се повторат некои минати искуства и дека на тој начин ќе добијат некои политички поени.

Ги предупредивме дека нема да се повтори. Осум месеци потоа не убедуваа на отворена сцена, имале, немале, а гледаме дека немаат доволен број пратеници и нема да имаат, затоа што овие пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не излегоа на избори да ветуваат дека ќе преговараат дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, не ветуваа на избори дали Илинденското востание е македонско Илинденско или бугарско Преображенско.

Овие луѓе ветуваа проекти, ветуваа поквалитетно образование, поквалитетно здравство, поквалитетна инфраструктура итн. Ние сакаме да покажеме дека не сме исти, дека стоиме до дадениот збор и тоа беше нашиот даден збор и од тука нема ни милиметар да се поместиме“, истакна Мицкоски.

Тој исто така упати и контрапредлог до власта да не ја мачат македонската јавност, да се охрабрат, па на предвремени избори сите политички партии да понудат решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија.

„Факт е дека Македонија има проблем, факт е дека тој проблем владата на ДУИ поддржана од СДСМ го донесе, а потврда на тој факт е дека условно кажано најпроевропската влада во Македонија има најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ.

Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија.

Во спротивно само ја продолжуваат агонијата, Македонија ќе тоне и да тие ќе бидат побогати, но за жал еден ден тоа богатство од глава ќе им се удри“, додаде Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според грчкото МНР, Договорот од Преспа не признава македонски народ или македонска нација

Редакција

„Реалност-06“ го доби тендерот на „Комуналец-Прилеп“ за привремени вработувања вреден 368.000 евра

Редакција

Украден мртовец од струмичката болница

Редакција