еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2.000 денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата, посочуваат од таму.

-Секоја година во март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа во 2017/2018 година на 12.000 денари, во 2019 година на 12.507 денари, во 2020 на 14.500 денари, во 2021 на 15.194 денари. Во март 2022 година минималната плата достигна 18.000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари.

Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе, се вели во соопштението од МТСП. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисоката просечна бруто плата во декември изнесува 139.274 денари

Кои се петте највисоки нето плати во декември

Најниски нето плати во декември

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Планинарски клуб „Љуботен“ отвори Инфо центар: Сите информации за Шар Планина поврзани со планинарство и туризам-собрани на едно место

Силвана Жежова

Во земјава повеќе нема свинска чума кај домашната популација

Редакција

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Редакција