Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесувала 34.364 денари.
Според ДЗС, највисоката просечна нето-плата во декември лани е во секторот Воздухопловен транспорт – 94.537 денари.
По подолг период на второ место падна секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 88.192 денари, следи Дејности за издавање под закуп (лизинг), 78.405 денари, па Складирање и помошни дејности во превоз, 65.224 денари и Останати стручни,научни и технички дејности, 56.664 денари.
Исто така по подолго време во највисоките пет просечни нето-плати, ги нема секторите од областа на фармација, телекомуникации, осигурување…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоката просечна бруто плата во декември изнесува 139.274 денари
Нето платата во декември 34.364 денари
Фото: МИА