еМагазин
Македонија

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури на локалните избори

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври.

За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје.

Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) потребните потписите ги собрале и 38 независни групи избирачи за советнички листи, а за 26 се во тек.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува законскиот рок за собирање потписи.

Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.

Заклучно со 28 август 2021 година, како што соопшти Државната изборна комисија, вкупно 7.909 лица се провериле во Избирачкиот список.

Од ДИК велат дека се поднесени вкупно 17 барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

Исто така, Државната изборна комисија информира дека на нивната мејл адреса „[email protected] се поднесени вкупно 23 барања.

Кандидатурите за градоначалници и за советници до Општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Ова ќе бидат први избори на којшто во земјата ќе се применат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 терминали се очекува во ДИК да бидат во текот на оваа недела по што ќе почне и едукацијата за нивна примена на изборите.

Локалните избори ќе се одржат со мерки за заштита од Ковид-19.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 812 пациенти со Ковид-19

Редакција

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Редакција

Аеродром прв, Центар втор: Детален преглед на активни случаи по скопските општини

Редакција