На јавно наддавање кое ќе се одржи на 26.11.2018 година ќе се понуди атрактивен деловен простор во строгиот центар на Скопје на авиокомпанијата „Авиоимпекс“ во стечај.
На продажба се нудат и повеќе згради магацински простор во Маџари.
„Се врши прва продажба на недвижен имот-градежен објект во сопственост на стечајниот должник изграден на КП.бр.13412 запишан во и.л.бр.44581 за КО Центар-Скопје, зграда бр.1 со вкупна површина од 1.396 м² од која подрум со површина од 235 м², приземје со површина 264м², мезанин со површина од 264 м², кат 1 со површина од 316 м², кат 2 со површина од 317 м².
Проценетата вредност на овој недвижен имот изнесува 65.281.709 денари. Минималниот износ на наддавање изнесува 2.500.000 денари“, пишува во огласот.
Се врши прва продажба и на недвижен имот-градежни објекти во сопственост на стечајниот должник изградени и тоа:
Зграда бр.1-магацински простор со површина од 9.949 м².
Зграда бр.2-магацински простор со површина од 1.740 м².
Зграда бр.3-административна зграда со површина од 595 м².
Проценетата вредност на овој недвижен имот изнесува 256.040.935 денари. Минималниот износ на наддавање изнесува 5.000.000 денари.
Продажбата на имотот се врши на принципот видено-купено.