еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најстудено денеска во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени, како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9.

Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата, -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип и Демир Капија, -1 Скопје – Зајчев Рид, а 2 степени во Гевгелија.

На Попова Шапка има 32 сантиметри снег, 15 во Маврови Анови, седум во Крушево, а во Ѓуриште и Пожаране пет.

Изутрина во делови од Скопскиот регион има умерен ветер, а во Штип ветерот утринава достигнува брзина повремено и до 40 километри на час.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека претпладне ќе биде студено, а преку денот сончево со мала локална облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и претпладне студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

До утре попладне ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Леонид Индов замина на лекување во Виена, тој е првиот пациент кој со медикоптерот е транспортиран во друга држава

Редакција

(Фото) Кои се мажите на годината

Редакција

Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Редакција