еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Најубава вест: Собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Апелот за помош на Слободан Попов-Цобе стигна до голем број на хумани луѓе. Хуманоста и човечноста повторно победија и во оваа битка. Собрани се потребните средства за операција на Слободан Попов-Цобе.

Утрово, семејството и блиските на Слободан Попов-Цобе ја соопштија веста дека се собрани 50.000 евра за операцијата која треба да биде направена на 15. септември 2020. година во Солун и за чие лекување е веќе постигнат договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, кој е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.

Исто така, семејството на Цобе, информираше дека при процесот на собирање на хуманитарните средства биле собрани дополнителни 13.500 евра од кои дел ќе бидат наменети за постоперативно лекување на Цобе, а дел од овие хуманитарни средства семејството на Слободан одлучи да ги пренасочи за лекување на Христијан Јованов, тринаесет годишното дете од Кавадарци кое боледува од Leucemia acuta lumphoblastica и чиешто лекување е започнато на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, Словенија.

Хуманоста не познава граници, па така и овој гест на семејството Попов е уште една силна порака за големината на човекот.

Во хуманитарната акција која започна пред околу две недели се приклучија голем број на јавни личности, компании и хумани луѓе кои што донираа и повикуваа на донација „Со срце за Цобе“.

„Нашето семејство изразува огромна благодарност за хуманитарната акција во која се вклучија голем број на луѓе и компании и со чиja помош Цобе ќе може повторно да му се радува на семејството, неговите најблиски и на новиот ден.

Сакаме да испратиме силна порака до сите кои што можат да помагаат, да дадат мал придонес на сите на кои што им е најпотребно, за да можеме да спасиме живот“.

Дел од хуманата акција беше и еМагазин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ТАВ го отвори реновираниот бизнис-салон на Меѓународниот аеродром Скопје

Редакција

Русија се враќа во договорот за извоз на жито

Редакција

Петков тврди оти Бугарија не ги оспорувала Македонците и македонскиот јазик

Редакција