еМагазин
Image default
Свет

Највисоко предупредување на САД за своите граѓани кои се во Индија: Напуштете ја државата што поскоро

Соединетите држави им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Индија што е можно поскоро поради епидемијата на коронавирусот, која жестоко избувна во земјата.

Индија, вчера забележала 379.257 нови случаи со Ковид-19 и 3.645 смртни случаи, објави индиското Министерство за здравство. Тоа е најсмртоносниот ден досега забележан во земјата погодена од пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2.

Амбасадата на САД ги предупредила своите граѓани дека „пристапот до сите видови на медицинска нега станува драстично ограничен“.

Ова е највисоко ниво на предупредување што Стејт департментот на САД им го издава на своите граѓани кои се во странство.

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 завчера официјално надминал 200.000, иако експертите велат дека вистинската бројка може да биде многу поголема.

Во предупредувањето испратено до американските граѓани се наведува дека треба да отпатуваат од Индија, односно да ја напуштат штом се отвори таква можност.

„Американските граѓани кои сакаат да ја напуштат Индија треба да го искористат достапниот комерцијален превоз“, се вели во предупредувањето.

Стејт департментот наведува дека некои нивни граѓани исто така биле спречени да влезат во болниците поради недостаток на болнички кревети.

Предупредувањето на Стејт департментот доаѓа во време кога Белата куќа објавила дека САД ќе ги пренасочат состојките потребни за производство на вакцината „АстраЗенека“ во Индија, што треба да и овозможи на земјата, погодена од пандемијата, да произведе дополнителни 20 милиони дози на вакцината.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот вид на коронавирусот најверојатно ќе биде доминантен во целиот свет

Редакција

Невакцинираните се потенцијални „фабрики“ за развој на нови мутации на коронавирусот

Редакција

Британија го казни ТикTок со 12,7 милиони фунти затоа што нелегално користел податоци од деца

Редакција