еМагазин
Image default
Македонија

Нацрт-амандманите за промена на Уставот пристигнаа во Собранието: Постапката за усвојување во две фази

Нацрт-амандманите на Уставот се веќе пристигнати во Собранието и се проверуваат од собраниските служби.

Пленарната седница на која ќе бидат разгледани претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека по проверката, нацрт текстот на уставните амандмани ќе биде испратен до сите пратеници.

Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот.

Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, додека третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата ги соопшти главните детали поврзани со нацрт уставните амандмани.

Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот.

По ова, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Предлог амандманите треба да бидат разгледани од Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.237 случаи на Ковид-19 од 3.200 тестирања

Редакција

Началник сведочеше на „Монструм“: Сите докази беа заведувани во записници

Редакција

12 починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште 5

Редакција