еМагазин
Image default
Убава приказна

Над 3.500 фотографии сведочат за активностите во изминатите 96 години на планинарскиот клуб „Љуботен“

Најновата евиденција на историските материјали кои се чуваат во просториите на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово покажува дека таму има над 3.500 оригинални фотографии собрани во текот на 96 години постоење.

Тие се ставени во специјални 30 албуми со цел да се зачуваат од оштетување и да сведочат за изминатите децении на функционирање на клубот.

-Низ овие албуми, библиотеката и богатата архива на планинарскиот клуб „Љуботен“, овековечени се, вмрежени и испишани 96 години градење, креирање, функционирање, опстојување, радување, другарување и постоење на многу генерации членови, почитувачи и гости на клубот, посетители на Шар Планина и сите останати планини.

Тука се насмеаните лица на основачите на клубот и носителите на идејата за развој на планинарството во Тетово. Тука се генерации и генерации на членови.

Денес сме тука, да направиме колку што е можеме, да ги зачуваме вредностите од минатите генерации и да ги пренесеме на идните. Да ја продолжиме традицијата, вели претседателот Јован Божиновски.

Покрај фотографии, во просториите на планинарскиот клуб Љуботен во Тетово се чуваат десетици предмети стари и по 100-тина години кои претставуваат спомен за почетоците на планинарството и скијањето во градот, Шар Планина и воопшто во Македонија.

Големиот број предмети се основа за размислување во клубот да се направи и планинарско-скијачки музеј со цел автентично чување на овие предмети со особено историско, општествено и културолошко наследство и богатство.

Таму се наоѓаат првите рачно изработени скии во Тетово од Никола Николовски-Коларот во 1931 година е најстариот предмет што го има во планинарскиот клуб Љуботен, а поврзани со минатото на скијањето и планинарењето.

МИА/Фото:Инстаграм/Јован Божиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка

Редакција

(Видео) Бурекот на македонката Спасија Динковски хит во Лондон

Редакција

(Галерија) Најголемата германска компанија во светот ThyssenKrupp слави 10 години на македонскиот пазар

Редакција