еМагазин
Image default
Македонија

Надлежните да преземат мерки во врска со праксата на благи казни, за тешки кривични дела во сообраќајот, порачуваат од Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска пред почетокот на одржувањето на седницата изрази сериозна загриженост, за како што нагласуваат оттаму, изрекување благи казни за сторени тешки кривични дела, особено во делот на безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Побара од надлежните институции надлежните органи да постапат во рамките на своите надлежности и да преземат соодветни мерки по ова прашање.

„Се почесто, како што бевме сведоци, има една правосудна пракса на изрекување благи казни за сторени тешки кривични дела особено во делот на безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и тоа со тешки последици.

ДКСК јавно ја изразува својата сериозна загриженост и ги повикува надлежните органи, а тоа се Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да постапат во рамките на своите надлежности и да преземат соодветни мерки.

Очекуваме овие органи сериозно да се позанимаваат со постапувањето на обвинителите и судиите, особено со последниот случај за обвинетиот Кичеец каде што е изречена преблага казна по спроведеното спогодување на обвинителот со обвинетиот и тоа под законскиот минимум за тешко кривично дело со смртни последици,“ рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ова, нагласи таа, доколку повеќе што во Стратегијата за национална за борба против корупција неказнивоста е препознаена како еден од клучните ризични фактори за корупција во правосудството.

Затоа, нагласи таа, чувствуваме потреба како Комисија јавно да се обратиме до овие институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сообраќајката во која загина 32-годишен маж, Зоран Милески-Кичеец доби шест месеци затвор

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Течат роковите од 48 часа за приговори од учесниците во изборите

Редакција

Од Ковид-19 починаа 10 лица, вкупниот број е 5.423

Редакција

Анкета на Телма: Пендаровски ја зголемува предноста пред Силјановска

Редакција