еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Историјата да не биде единствен критериум за членство на Македонија во ЕУ, вели Петков од „Продолжуваме со промената“

Копретседателот на коалицијата „Продолжуваме со промената“, Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, коментирајќи ги бугарско-македонските односи, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија и тие да бидат примени во ЕУ само врз база на еден критериум – историјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков повтори дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.

Тој истакна дека може многу да се добие.

– Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение, рече Петков, изразувајќи уверување дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Северна Македонија.

Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели.

– Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим, вели тој.

Во однос на тврдењата во медиумите дека Бугарија е изложена на огромен притисок од страна на САД по тоа прашање, Петков вели дека не постои човек на планетата кој ќе крене телефон и да каже направете го тоа, што ви го кажав.

– Единствениот начин некој да не натера нешто да направиме е да не убеди дека тоа е најправилно за Бугарија. На ниту еден друг начин тие не можат да влијаат, оценува Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

МИА/Фото: Петков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен Законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер

Редакција

„Тревник“ одложен поради здравствени проблеми на Латас

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 646

Редакција