еМагазин
Image default
Македонија

Надлежните да преземат мерки за тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, велат од „Комунална хигиена“

JП „Комунална хигиена“ ја известува јавноста дека се невистинити објавите на „извесни провокатори“ чии фотографии осамнаа на интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

– Споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот, се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет. Само на споменикот на Гоце Делчев, Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ во изминатиот месец дури трипати има преземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Оттаму го осудуваат чинот што врз спомен-обележјата некој ставил знаме на странска држава.

– Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие, презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да преземат соодветни мерки, велат од Јавното претпријатие.

Од ЈП „Комунална хигиена“ апелираат и повикуваат на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нова провокација од Бугарите, овојпат со чистење на споменикот на Гоце Делчев и поставување на бугарското знаме

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 85 оздравени од Ковид-19

Редакција

Заев за РСЕ: Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан

Редакција

Нови 112 случаи со Ковид-19 од 1.372 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција