еМагазин
Image default
Македонија

Намален бројот на македонски граѓани кои добиле германски пасош

Во пандемиската 2020-та година помал број странци во Германија добиле германски пасош, отколку во годината пред тоа. Така е и со граѓаните од Северна Македонија, пишува Дојче веле.

Имено, во 2020-та германски пасош добиле 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени), што претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019-тата, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Северна Македонија (400 мажи и 450 жени).

Со тоа продолжува надолниот тренд забележан во последните години. Имено, во 2018 година германски пасош зеле 940, а во 2017 година – 988 македонски граѓани, анализира Дојче веле.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство побара затворска казна за Рашковски и да му се забрани да биде професор

Редакција

14 лица не го почитувале полицискиот час, 534 казни за неносење маска

Редакција

Македонија блиску до бројка од 1.000 починати од Ковид-19

Редакција