еМагазин
Image default
Свет

Тајно се ожени британски премиер Џонсон, ниту членовите на Владата не знаеле за венчавката

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон, објавија синоќа лондонските медиуми.

Медиумите наведуваат дека Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.

Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка.

Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред.

Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.

Последниот британски премиер кој се венчал за време на својот мандат е Лорд Ливерпул, пред 199 години.

МИА/Фото: Џонсон/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија

Редакција

„НАТО е клинички мртов“, вели Макрон, Русија го поздрави

Редакција

Медведев: Влезот на Грузија во НАТО може да предизвика страшен конфликт

Редакција