еМагазин
Свет

Медведев: Влезот на Грузија во НАТО може да предизвика страшен конфликт

Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени дека влезот на Грузија во НАТО може да предизвика катастрофални последици.

– Тоа може да предизвика ужасен конфликт. Не разбирам зошто е тоа потребно, изјави Медведев за Радио Комерсант.

Премиерот истакна дека вооружениот конфликт меѓу Грузија и Јужна Осетија, кој се случи во 2008 година и во кој учествуваше Русија, можешеда се спречи.

– Немаше потреба, рече Медведев.

На 12 јули, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврди намерата на организацијата да ја прими Грузија во Алијансата, не нагласувајќи точно кога тоа може да се случи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Германија потресена од грозоморно убиство: Мајка си ги уби своите пет деца

Редакција

(Вознемирувачко видео) Бројот на загинати од земјотресот во Мароко се искачи на над 2.000

Редакција

(Видео) Најмалку 21 загинат во автобуска несреќа во близина на Венеција, меѓу жртвите има Украинци, Германци и Французи

Редакција