еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена добивката на Факом во првите девет месеци

Во периодот од 01.01 до 30.09.2022 година Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 142.681 денари и истиот е за 60% помал во однос на добивката за истиот период од 2021 година која изнесуваше 353.844 денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 83% имаат приходите од продажба на странски пазар, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 82%.

Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01-30.09.2022 се зголемени за 37% во однос на 2021 година, финансиските приходи исто така се зголемени по основ на зголемените приходи од позитивни курсни разлики од работењето.

Вкупните приходи за 01.01.-30.09.2022 година се зголемени за 37% во однос на истиот период за 2021 година.

Во периодот од 01.01-30.09.2022 година, оперативните расходи се зголемени за 38% во однос на истиот период 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали, зголемените трошоци на вработени и  останатите расходи од работењето, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом со зголемена добивка во првите шест месеци

Смени во Управниот одбор на Факом

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на Управниот одбор, Милкица Глигорова купи акции во Алкалоид

Редакција

Стареењето на општеството е главна причина за недостиг на работна сила

Редакција

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на телевизијата 1ТВ

Редакција