еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите.

„Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната, билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари, поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари и поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари,“ се наведува во соопштението.

Од Ски-центарот посочуваат дека за сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, кои средства се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.

– И покрај пандемијата од Ковид-19, Ски-центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона.

Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ Турс“, друштво кое стопанисува со Ски-центарот „Попова Шапка“, донесе одлука за намалување на цените на ски-билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски- центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски-центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски-центарот, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Tиквеш се нуди како главно вино во Пешкопеја, Албанија

Редакција

Мирисот на нова книга ја најавува пролетта: Меѓународен Саем на книгата ќе се одржи од 4 до 10 мај

Редакција

Нови забавни инстант лозови од Државна лотарија: „Остров на скриеното богатство“ и „Бинго“

Редакција