еМагазин
Image default
Бизнис

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Во второто тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3.254.746 илјади денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,4 отсто.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 2,1 процент, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 4,5 отсто.

Значително намалување е забелeжано кај млечните производи за 76,7 отсто, во полјоделството за 22,8 (особено кај житата) и кај овошјето за 38,2 процента, а кај останатите производи е забележано зголемување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои печатени медиуми добија најмногу пари од Владата

Редакција

Владата вработува десет лица, плата до 26.253 денари

Редакција

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Редакција