еМагазин
Image default
Бизнис

Намалување на персоналниот данок во ИТ-секторот од сегашни 10 на 0 проценти до 2023 година, најавуваат од Влада

До 2023 година предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска беше во посета на „Меџикс“, стартап компанија основана од младата претприемачка Катерина Здравевска со користење на мерката за самовработување на Министерството за труд и социјална политика.

Премиерот објави дека до 2023 година се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок од сегашните 10 отсто на 0 отсто, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на бензините останува иста, на дизелот се намалува за половина денар

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на општина Гостивар за набавка на струја вреден 249.000 евра

Редакција

Буџет 2019: Владата од глоби и такси планира да „прибере“ 34 милиони евра

Редакција