еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалување од 34,3%: Минатата недела 1.763 нови случаи на Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 август покажуваат дека се тестирани вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3% во однос на минатата недела (n=6.867).

“Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3% во однос на минатата недела (n=2.684).

Процентот на позитивност се движи од 17,8% до 33,6%, просечно 27,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=831; 47,1%).

Највисока инциденца е регистрирана во Делчево (272,4/100.000), Гевгелија (227,0/100.000), Берово (211,2/100.000) и Кавадарци (187,2/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела 12 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 8

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес од три степени почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Редакција

Нови 708 случаи на Ковид-19 од 2.763 тестирања

Редакција

Во Националниот парк Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Редакција