еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Наместо на инвестиции, 2019. стана година на „Рекет“

Не стивнуваат реакциите во јавноста по истекувањето на документот од исказот на бизнисменот Јордан Камчев во Јавното обвинителство, што предизвика низа шпекулации, но и отвори дилеми околу можната вмешаност на високи политички функционери во овој случај.

Како излегол овој документ во јавноста? Која е целта што сакал да ја постигне „свиркачот“? Како се штити Обвинителството од протекување на информации круцијални за истрагата и за целиот случај?

Ова се само дел од прашањата што со право ги поставуваат граѓаните на социјалните мрежи, а на кои одговори треба да дадат надлежните институции.

Не треба да се заборави дека заминувањето на одмор на првите луѓе на јавното обвинителство, но и на сега третоосомничената Катица Јанева на која и беше дадено доволно време да си го форматира мобилниот телефон и да подготви одбрана само ги подгреаја сомнежите дека нешто смрди во однос на овој случај.

Тактизирањето со обелоденувањето на целата „Рекет“ мрежа им се удри по глава на владејачките структури кои сега е невозможно да се справат со сите шпекулации што вака или онака се вртат во јавноста.

Затоа, попусто се обидуваат претставниците на Владата да ги потенцираат инвестициите во патната и во гасоводната инфраструкатура и останатите сектори, кога се е во сенка на случајот „Рекет“.

Единствено со брза разрешница на овој случај и праведна казна за сите вмешани би се повратила довербата на граѓаните во системот и дури тогаш „милијардите инвестиции“ би станале видливи за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот јавен обвинител Наков: Копија од записникот кој заврши во медиумите треба да има и Камчев

Скопскиот Кривичен суд утре ќе проверува, дали до нив воопшто дошло сведочењето на Камчев за „Рекет“

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

Фото:Фејсбук/Бојан Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се средства: Дијана има ретко заболување кое го напаѓа видот и центарот за рамнотежа

Редакција

Ковачевски со сопругата на самитот на НАТО во Вилнус: Кој се друг е во владината делегација

Редакција

Русковска: Загрозениот сведок рече дека Никола Груевски бил организаторот на упадот во Собрание

Редакција