еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Наоблачување кон крајот на денов, утре услови за дожд во крајните источни и западни делови од земјава

Во крајните западни и крајните источни делови од земјава утре ќе има услови за краткотраен дожд.

Потоа ќе следува стабилно време со благ пораст на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и во текот
на ноќта ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено кон крајот на денот вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе биде значително облачно и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температура во главниот град денеска ќе достигне 25 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Редакција

Од компликации од Ковид-19 почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и поранешен пратеник

Редакција

Последен поздрав до незаменливиот Сидо утре на градските гробишта Бутел

Редакција