На 21.06.2020 во 22.30 во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул.Партизански одреди во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу „фиат пунто“, кое тој го управувал, патничко моторно возило„опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и патничко моторно возило „масерати“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје бил физички нападнат од совозачот во патничко моторно возило„масерати“ Г.Б.(38) од Скопје, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.