еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Направивме добар исчекор, договоривме неколку точки, една од нив формирање на заедници на српски општини, вели Вучиќ

Направивме добар исчекор во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто да работиме. Секако не беше ден Д, но мислам дека беше во ред, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по преговорите во Охрид.

Вучиќ посочи дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни – и за Белград и за Приштина и дека една од клучните која е важна за српската страна, како што рече, е тоа што веднаш треба да бидат формирани заедници на српските општини на Косово.

„Во имплементациониот план за нас е значајно што како приоритетна обврска е ставено формирањето на заедници на српските општини и морам да кажам дека сум задоволен со тоа.

Знам дека и албанската страна ќе зборува затоа што ништо не сум потпишал и ништо не потпишав денеска. Мислам дека двајцата ставивме до знаење кои се нивните и кои се нашите црвени линии, но мислам дека направивме добар исчекор во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто да работиме,“ рече Вучиќ.

Имплементациониот план, како што рече, сигурно ќе биде проширен, иако, додаде, лично не би му пречело да остане ваков. Треба да се направи и декларација за исчезнати лица и донаторска конференција за пет месеци.

„Сметам дека ако е можно кога разговарате за тешки и непопуларни работи, да кажете дека имате зрно задоволство, можам да кажам дека имам зрно задоволство,“ изјави српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина

Србија бега од потпишување, останува на ЕУ да најде механизам овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки, вели Курти

По 12 часа преговори, Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доколку има добра волја од Бугарија зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Османи, Милошоски

Редакција

Ковачевски: Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со здружението „Ванчо Михајлов“, името е провокација

Редакција

Ковид-пасошите во ЕУ стануваат реалност, на невакцинираните ќе им треба негативен тест за да патуваат

Редакција