еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија бега од потпишување, останува на ЕУ да најде механизам овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки, вели Курти

Постигнавме јавен договор за анексот што ќе води кон спроведување на основниот договор. Останува на Европската унија да најде механизам статусот на овој договор да биде правно и меѓународно обврзувачки, изјави косовскиот премиер Албен Курти по повеќечасовната средба во Охрид со потсредство на Европската Унија.

Во изјава за медиумите, Курти рече дека дошол во Охрид со намера да го потпише основниот договор со анекс, но дека српската страна и овојпат избегнувала негово потпишување, исто како на последната средба во Брисел на 27 февруари.

Според Курти, основниот договор де факто значи взаемно признавање на двете страни.

Прашан дали ќе почне враќањето на Србите на Косово, Курти рече дека се залага за правата на сите граѓани на Косово.

– Тоа значи дека се залагам и за оние кои сакаат да се вратат. Повеќе од нив веќе ги имаат продадено имотите, но има и такви кои имаат имоти на Косово и се залaгам за правата на сите тие луѓе без разлика на нивната припадност, рече Курти.

Одговарајќи на новинарски прашања за исчезнатите лица, Курти рече дека ќе се залага максимално да се открие нивната судбина и да се обезбеди правдата за нив.

Што се однесува до изборите на Косово, Курти истакна дека за нив не е разговарано, бидејќи тоа се внатрешни работи на Косово.

– Ќе ги донесеме сите одлуки кои се неопходни за што подобро да се организираат изборите. Жал ми е што на 5 ноември лани Белград нареди пратениците на Српската листа и повеќе од 400 полицајци на северот на Косово да поднесат колективна оставка. Мислам дека тоа беше грешка, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи договорот за патот кон нормализација на односите на Белград и Приштина

Направивме добар исчекор, договоривме неколку точки, една од нив формирање на заедници на српски општини, вели Вучиќ

По 12 часа преговори, Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пријателство“ нов албум на Симон Трпчески за британски „Лин Рекордс“

Редакција

Ердоган: Анкара ќе го поддржи влезот на Шведска во НАТО доколку ЕУ повторно ги отвори преговорите со Турција

Редакција

(Фото) Бовин, првата приватна винарија во Македонија прослави 20 години

Редакција